X
 22.10.2025 Живот

„Тејст атлас“ ја објави листата со 100 најдобри чоколади во светот: Три земји го делат првото место

Чоколадото е едно од најомилените јадења во светот, познато по својот богат вкус и способност да понуди вистинско гастрономско уживање.

Се добива со преработка на зрната од какао, а постои во најразлични облици - од темно и млечно до бело чоколадо. Многумина го консумираат како десерт, но и ги користат како состојка во разни десерти и пијалаци.

Покрај тоа што ни претставува задоволство додека го јадеме, чоколадото поттикнува чувство на среќа и опуштеност. Без разлика на возраста, тоа е десерт на кој ретко кој може да му одолее.

Според изборот на „Тејст атлас“, најдобро чоколадо може да се проба во Белгија, Франција и Италија бидејќи на листата се најдоа по осум различни брендови од секоја од овие земји.


На второто место по број на врвно чоколадо се најдоа САД со чоколадо од седум различни брендови, додека Швајцарија го зазеде трето место со шест различни брендови.

На листата се најдоа и земји како Австралија, Бразил, Канада, Кина, Колумбија, Данска, Германија, Гана, Унгарија, Индија, Јапонија, Холандија, Норвешка, Перу, Шведска, Шпанија и многу други.

Целата листа може да се погледне на официјалните фејсбук и инстаграм-профили на „Тејст атлас“.

Извор: Klix.ba 
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот