Истражувањата покажуваат дека во САД, во просек, се работи по 50 часови неделно, а понекогаш и подолго. Сите оние кои не остануваат на работа прекувремено и не ја носат „работата“ дома, се сметаат за мрзливи, неамбициозни и неработници.
Живееме во свет каде секој што ќе се обиде да има приватен живот или живот надвор од работното место, се смета за неработник.
Неодамна, една студија потврди дека луѓето кои работаат помалку од 40 часа неделно, се попаметни од оние кои своето време комплетно го посветуваат на работата. Да оставиме настрана дека таквите луѓе страдаат од недостаток на квалитетен сон и најверојатно им недостига личен идентитет надвор од работното опкружување, сепак мораме да прифатиме дека прекумерната работа го заглупува човекот.
Резултатите покажаа дека работното време над 25 часа неделно, го намалува коефициентот на интелигенција кај луѓето. До овој заклучок дошле истражувачите кои ја тестирале теоријата за подигнување на старосната граница за пензионирање со теза дека активниот работен ангажман ја чува умствената острина и здравото расудување кај луѓето.
Се покажало дека хипотезата е точно, дословно. Секоја работа која е подолга од 25 часа неделно, ја намалува
интелигенцијата.
Стандардната работна недела ги заглупува луѓето. Но, ова не значи дека луѓето треба да престанат со работа! Когнитивните функции се подобруваат при 25 часовна работна недела. Како објаснување за овој заклучок, се наведува дека на луѓето кои се исклучително посветени на своето работно место и работат над 40 часа седмично, стануваат автомати и не им останува доволно слободно време за алтернативни и дополнителни форми на учење и истите престануваат со проширување на своето знаење и вештините.
Многу е важно да се најде вистинската рамнотежа меѓу работата и приватниот живот. Заради личен когнитивен, но и социо-емотивен развој.