Инуитите се домородно население кое живее на Арктичките региони од Канада, Америка и Гренланд и во текот на историјата нивните животи зависеле од нивната можност да го предвидат точното време.
И тие ја предупредуваат НАСА и светот дека глобалното затоплување не е причина поради која сме сведоци на екстремните временски услови, земјотреси и други настани.
Земјата се променила, се навалила кон север и како што велат тие: „Небото се променило“.
Старешините велат дека Сонцето не изгрева онаму кадешто изгреваше порано, тие имаат подолг ден, и Сонцето е повисоко отколку што беше и побрзо се загрева од претходно.
И Сонцето и Месечината се променети со што влијаат врз температурата, па дури и влијаат врз начинот на кој дува ветрот, со што станува се' потешко да се предвиди времето, нешто што е задолжително на Арктикот.