X
 13.07.2016 Образование

Како да не пишувате докторска теза?

Тара Брабазон е професорка на универзитет. Таа состави краток водич за пишување докторска теза за „Times higher education“. Во рамките на својата работа, таа прегледува и докторски тези. За оваа задача открива дека е стресна.


„Привилегија е, но застрашува. Знаеме, а докторандите не знаат, дека чудни коментари се даваат дури и на најдобрите тези“, открива таа.

Брабазон нуди некои совети за пишување подобра докторска теза. Ова се работите кои таа ги сретнува додека прегледува што може да влијаат негативно на оцената.

Нецелосна библиографија

Докторандите треба да знаат дека тезите најчесто се оценуваат од позади кон напред. Тезите се оценуваат според квалитетот на изворите. Некомплетните референци може да бидат причина за лоша оцена токму поради ова.

Генерални фрази

Генерилизирањето не е за докторската теза. Најдобрите докторски тези се специфични и мали. Тие не генерализираат и објаснуваат со празни зборови.

Референци од блогови, интернет-страници и учебници

Ова е нов проблем со кој се соочуваат професорите, открива Брабазон. Ефектот на „Google“ прави дури и докторандите да чувствуваат дека може да научат и добијат се' на интернет.

Користење референци од книги кои не се прочитани

Користењето фрази во тезата не е доволно. Доколку се користат референци од познати дела и значајни книги, Брабазон препорачува читање на целите дела пред да се искористат фразите.

Претпоставка дека нешто е ново само затоа што претходно не било познато

Ова е уште еден нов проблем кој Брабазон го видела изминатите години. Мрзеливите студенти, кои таа ги опишува како неискусни истражувачи, тврдат дека измислиле или откриле нешто само затоа што претходно не слушнале за тоа.

Печатни грешки

Ова звучи логично, но Брабазон вели дека наидува на докторски тези со печатни грешки. Печатните грешки не се причина за паѓање на испит, но тие ги намалуваат шансите за полесно поминување.

Премногу голема тема

Најдобрите докторски тези се мали, вели Брабазон. Тие истражуваат одредена тема и не ги сочинуваат сите најдени информации поврзани со темата. Брабазон препорачува фокусирање на одредена област.

Недостаток на вовед и заклучок

Брз начин на добивање слаба оцена е одбегнувањето вовед или заклучок. Овие два дела се задолжителни. По читање илјадници зборови, студентите мора да може да ги претстават заклучоците и да го покажат значењето на нивното истражување, вели Брабазон.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование