X
 18.07.2016 Технологија

Ова момче заработува 500.000 долари годишно преку Твитер

Додека монетизирањето на корисниците е постојан предизвик за социјалните медиуми како Твитер и Фејсбук, еден корисник пронајде начин како да заработува 500.000 долари годишно користејќи ги овие платформи.

 

tvt


Крис Санчез е 25 годишното момче позади Твитер профилот @Uberfacts - тој создаде кариера твитајќи случајни факти.

Од неговиот прв твит во 2009 година, Санчез успеал да собере над 18 милиони следбеници на Твитер, Фејсбук и Инстаграм.

„Ова е доста интересен бизнис модел. Работам со издавачи кои создаваат содржина за мојата страна на Твитер и Фејсбук, а потоа ми плаќаат врз основа на тоа колку интернет сообраќај им носам на нивната веб страна“, вели Санчез.

Понекогаш неговиот профил прави директни кампањи за нови производи или филмови. За нив, Санчез е платен по пост, но воглавно добива пари за сообраќајот кој сметката го генерира за другите страни.

Неговиот профил Uberfacts е меѓу 150-те најследени профили на Твитер, со 13.5 милиони следбеници. Тука се вклучени и сите видови на познати личности, а тоа дефинитивно му помогнало да создаде бизнис од профилот.

„Дефинитивно профилот е повеќе следен ако познатите личности како Парис Хилтон и Ким Кардашијан го ретвитаат постот. Но, стана бизнис кога друга компанија ме научи како да заработам од Твитер“, вели Санчез.

Санчез вели дека не знаел дека може да прави пари преку твитање кога започнал да привлекува следбеници. Компанијата ChaCha го исконтактирала и му помогнала да научи како да заработи од содржината.

„Тие ме научија како да влијаам преку избирање на галерии кои навистина резонираат со мојата публика. Тие правеја галерии како на пример „10 работи кои не сте ги знаеле за вселената“ или „7 факти за човечкото тело во кои нема да верувате“. Сето тоа одлично беше прифатено од публиката“, вели тој.

Иако тој започнал на Твитер и таму има најмногу следбеници, Санчез вели дека повеќе се ангажира за следење на Инстаграм.

„Се' што ќе постирам се фотографии и видеа. Постои начин кој е поличен од Твитер апдејтите кои се повеќе базирани на текст. Сега започнав повеќе со фотографии“.

Еден од најбрзо растечките социјални медиуми во последните неколку години е Snapchat. Според неодамнешно истражување, Snapchat со ова темпо ќе порасне за 27% до крајот на 2016 година, и 1 од 5 луѓе ќе ја користат оваа апликација.

И покрај брзиот раст, Санчез вели дека не може да заработи многу пари со оваа апликација, барем не сега. „Тешко е да се пробиеш на Snapchat, бидејќи тука се' се случува во еден момент“, вели тој.

Иако Uberfacts не е на Snapchat, Санчез пронаоѓа нови начини за надвор од социјалните медиуми да го прошири брендот и да создаде повеќе пари.

Тој неодамна ја објави тривија книгата „Cats Are Capable of Mind Control: And 1,000+ Uberfacts You Never Knew You Needed to Know“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија