X
 28.08.2016 Технологија

Белгијците најдоа поинтересна игра од "Pokemon Go"

Авелин Грегоар, наставник во основно училиште во Белгија креираше онлајн игра што им овозможува на луѓето да “ловат“ книги наместо чудовиштата на “Pokemon Go“. Иновативна игра е достапна на една “Facebook“ група, наречена “Chasseurs de livres" што во превод значи “Ловци на книги“. Во моментот постојат околу 40.000 корисници.

 


Белгијците најдоа поинтересна игра од Pokemon Go

  



Како работи?

Играчите земаат фотографии од книгата и потоа треба да ја скријат, за што постираат во групата со некои совети и индиции за да се поттикнат другите да одат по нив да ги уловат. Веднаш штом завршите со читање на книгата, вие треба да ја однесете во дивина.

Скриените богатства опфаќаат обемен спектар на книги почнувајќи од хорор приказните на Стивен Кинг до бајки за мали деца. Тие се обвиткани во проѕирна пластика и се сместени во дупки и ќошиња низ белгиските градови. 

Се чини дека играта дојде во прилично добар момент, затоа што последните извештаи говорат дека интересот за “Pokémon Go“ можно е да опадне. Според Bloomberg податоците објавени од мобилните маркетинг компании се покажува
намалување на активни корисници на “Pokémon Go“, од речиси 45 милиони на дневна основа до 30 милиони за помалку од еден месец.

Ова можеби се добри вести за Грегоар кој во моментот размислува да ја претвори неговата онлајн игра во апликација, со оглед на тоа што стана голем хит во Белгија.


Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија