X
 02.09.2016 Забава

"Симпсонови" догодина со нешто ново и многу јако

Откако се исмејуваа со кандидатурата на Доналд Трамп во кратките видеа од минатата година, продуцентите на “Симпсонови” подготвуваат пародија на пропаднатиот профитен колеџ на Трамп, Универзитетот Трамп, во претстојната 28 сезона на серијата.

Во епизодата насловена “The Caper Chase”, Mr. Burns отвора сопствен профитен универзитет во кој присилно ги вработува работниците од Springfield Nuclear Power Plant како предавачи во школото.

Епизодата што е планирана да се емитува во 2017 година, не реферирала директно на Трамп, но откако се расчуло за скандалот со Универзитетот Трамп, сценаристите на “Симпсонови” одлучиле да направат мала промена, изјавил продуцентот Ал Џин. 

“Профитните школи не бегаат. Ние се трудиме да создадеме нешто што ќе им биде забавно и смешно на луѓето сега, но и по 5 години, кога и да го гледаат”, рече Ал Џин.

Во епизодата ќе настапат Нил Деграс Тајсон, Сузи Орман, поранешниот шампион на “Jeopardy!”, Кен Џенингс, и ѕвездата на “Seinfeld”, Џејсон Александер, и сите ќе се појават во свое име. 


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава