X
 18.09.2016 Технологија

Како ФБИ го хакираше Ајфонот на терорист?

Три новински агенции го тужат ФБИ бидејќи федералците хакирале Ајфон, кој бил користен од еден од терористите инволвирани во масовната пукотница во Сан Бернардино, Калифорнија.

„Вајс“, „Асошиејтед Прес“ и „Ганет“, бараат детали за сигурносниот крак кој ФБИ го искористил, како и финансирањето од страна на Владата за преземање на ваков чеко, пишува „USA Today“. Од ФБИ одбиле да обезбедат информации по ова прашање, како што велат, според Законот за слобода на информирањето, пишува во нивниот извештај.

Во судската жалба, агенциите појаснуваат дека јавноста има право да дознае како американската влада ги троши парите на оние кои плаќаат данок за да ја одржат хакерската техника. Исто така, расправале и за постоењето на тајна мана на Ајфонот, кој може јавноста да ја доведе во опасност.



Од американскиот оддел за правда истакнале дека безимена надворешна партија им помогнала на агентите да „провалат“ во Ајфон 5C кој бил користен од страна на вмешан терорист во Сан Бернардино пукотницата.

Борбата за Ајфонот предизвикала дебата и помеѓу адвокатите за граѓански права против спроведувачите на законот. Проблемот е во прашањето дали информациите зна компјутерите и телефоните треба да бидат целосно шифрирани, шо значи само нивниот корисник да може да ги отклучи и да ги прочита, односно дознае. Оние кои го застапуваат мислењето податоците да бидат шифрирани, тврдат дека на тој начин уредите ќе бидат заштитени од хакери, а и така се гарантира нивната слобода за изразување на Интернет. Споведувачите на законот пак, велат дека пробивањето на шифрираните податоци често помага во откривањето на есенцијални докази и информации за сторени криминални дела.

Извештајот во кој стои дека ФБИ нашле начин да го хакираат телефонот без помош од Apple, завршил со легален судски процес, со кој можеби и би се ограничила моќта на шифрирањето, доколку судија би досудил во полза на Владата. Раширени се и многубројни шпекулации за тоа какви методи за хакирање користи ФБИ, како и за идентитетите на експертите кои тоа им го покажале. Од ФБИ не изегле со никакво тврдење за тоа како тие успеале да го хакираат телефонот, ниту пак на какви информации наишле. И од компанијата Apple во јавност не излегле со став по ова прашање.
Подготвил: М.П.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија