X
 01.03.2015 Образование

Зошто "ДА", за родовите студии

Родовите студии во Република Македонија, се изучуваат на УКИМ, од учебната 2008/09, но 5 години подоцна беа ставени во мирување, со образложеније во јавноста од МОН, дека премногу кадар, а малку работа за овој профил на дипломирани студенти, а немаше ниту 20 дипломирани студенти. Сега главното прашање е, на кого и зошто му пречеа родовите стдуии. На кого и зошто, би му пречело унапредување на еднкавата распределба на ресурствата, еднаквиот статус на мажите и жените во општеството. И, зошто во истиот период кога родовите студии се ставаат во мирување, се отвораат семејни студии, дали се ова е случајна коенциденција, или намерна.

 
За родовите студии, освен академскиот интерес и потребата да се биде во тек со модерните теориски и образовни текови во светот, иницијативата за основање на додипломски студии, имаше практична подлога во актуелната состојба во која се наоѓаше Република Македонија. Имено, Македонија е земја која неодамна е излезена од систем кој беше уреден на начин, што темите од областа на родовите прашање, не се отворале, и воопшто не биле ни познати за јавноста. Но, денес земајќи го предвит фактот што Македонија од 2005 година, е земја, кандидат за влез во Европската Унија, а еден од поважните стратешки интереси на Европската Унија, е унапредување на родовата рамноправност, како и почитувањето на различноста и слободното размислување. Република Македонија, има задача како земја –кандидат за влез во ЕУ, да ги интензивира напорите за усогласување на своето законодавство со она на Евроспката Унија. Во однос, на родовата рамноправност ЕУ, има развиено обемно законодавство бидејќи рамноправноста на жените и мажите е темелен принцип на Европската Унија, од самиот почеток на нејзиното основање. Но, дали е довлно само да се направи законска рамка, за постигнувањето на родовата рамноправност, или да се постигне широка родова сензибилизација во општеството и да се елиминираат родовите стереотипи, со подигањето на свеста преку јавни и едукативни кампањи. Да напоменеме дека, на Универзитетите во западниот свет родовите студии се појавија во последните неколку децении на дваесеттиот век, како резултат на феминистичката критика на асиметријата на родовите улоги во теоријата и практиката, и главно се од интердисциплинарен карактер.


Но, прашањето кое се наметнува откако се ставени во мируање, родовите студии, е зошто се ова наведено на некој политички структури, им пречи. Можам со сигурнсот да кажам дека голем дел од академската фела, се вчудоневиди од меркта на МОН, за ставање во мирување на родовите студии, а целата ситуација да ја направат по сложена, е нивниот изговор зошто се ставени во мирување. Но, целата ескалација на приказната, дополнително се заплетка, со основањето на семејните студии, кој се основаа под диктат на некој политички структури, поради некаква нивна идеолошка ориентираност. Но, дали родовите студии пречат во оставрувањето на нивната идеологија, последниве неколку години гледаме, еден куп кампањи за подигање на свеста кај народот, за подигнување на наталитетот, во Република Македонија. Целта на тие кампањи е народот, или поточно етничките македонци, затоа што кон нив се наменети овие кампањи, негледаме ние ниедна реклама и кампања на албански или некој друг малцински јазик, туку само на македонски, што само по себе кажува дека се насочуваат само кон етничките македонци, и подигнување на свеста кај нив, за зголемување на наталитетот. Медиумите секојдневно не бомбардираат со вознемирувачки видеа за абортусот (како што тие го нарекуваат убиство на дете), емисии за раѓање на деца (време е за бебе), и многу други кој јасно е дека се под диктат на политичката идолошка структура. Но, сево ова не беше доволно, и не вроди со плод онолку колку што тие замислувале, или не им се исполниле очекувањата, тргаа кон регулирање на законот, за исполнувањето на нивната цел. Се донесоа еден куп закони, како на пример, делумната забрана за абортус, законот за трето дете и паричен надомест, и за четврто дете доживотна пензија, за мајката. Самиот закон за паричен надомест, за мајката, е само по себе дискриминирачки кон другиот родител, во случајот таткото, како детето да е сопственост на мајката. Значи моменталната политичка структура, која ја држи власта во нашата држава, незнае како да имплементира нешто што им е идеолошка предиспозиција, или тие се вадат само на таа идеологија, но немаат доволна експертиза на законите што ги носат, и прават радикална грешки, и доведуваат до дискриминирачки закони, и тешко спроводливи, што доаѓа до потешкотии и за самите нив. Истата грешка, беше направена и со ставањето во мирување, на родовите студии, како што напоменав политичката структура која ја држи власта, смета дека ваквиот тип на студии им се коси со нивниот идеолошки карактер, и нивните кампањи за подигање на свеста кај нардот. Но, затоа имаме зголемување на насилството во семејството, имаме зголемен број на разводи во Македонија, имаме огромен број на жени кој се под тортура во семејството, и сега доаѓа главниот проблем на политичката гарнитура, и моменталните ситуации наметнуваат потреба на експерти од типот на дипломирани студенти на родови студии. За крај, се надевам дека власта и МОН, ја увиде грешката со ставањето во мирување на родовите студии, и ќе ги врати родовите студии онаму каде што им е местото, а тоа е на академското тло. Вратете ни ги родовите студии, македонското општество има потреба од нив.


Автор: Стефан Васев – студент на родови студии при УКИМ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование