X
 04.10.2016 Образование

ФЕИТ со уписен рок за магистри

Во тек се уписите на магистерски студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На вториот циклус на студии, кандидатите може да одберат една од 19 студиски програми. Според продеканот за настава, Билјана Јолевска – Тунеска, на секоја студиска програма се примаат од 10 до 50 кандидати.

„Интересот за запишување на вториот циклус, магистерски студии, на ФЕИТ, се повеќе се зголемува. Имаме околу педесеттнина пријавени кандидати, но се уште постои можност, потенцијалните магистранти да се пријавуваат на конкурсот. На овој конкурс може да се пријават дипломирани инженери со 240 кредити, како и дипломирани кандидати со 240 кредити од други сродни области кои сакаат да се пријават на студиските програми од интердисциплинарна природа “,  објаснува Јолевска – Тунеска.


Билјана Јолевска – Тунеска

Исто така, според Јолевска – Тунеска, на дипломираните инженери по стара наставна програма со девет семестри им се признаваат предмети од додипломските студии со соодветни предмети како изборни на втор циклус студии и максимален број на признаени кредити е 18 ЕКТС (3 предмети).

Сите заинтересирани кандидати подетални информации можат  да видат на  
http://www.feit.ukim.edu.mk/magistierski/upisi/upisi-2016-ii-tsiklus-studii, а пријавувањето на кандидатите е до 07. 10.2016 година.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование