X
 18.10.2016 Образование

Кои вештини се учат на курсевите за вештачка интелигенција?

Вештачката интелигенција како нова технологија има за цел да ја трансформира улогата на талентите во модерната економија. Но, со новата технологија кандидатите за работа треба да поседуваат и одредени вештини кои се учат на колеџи, универзитети или други курсеви.

робот и човек


Студентите ги учат основите на пребарувањето. Во кумпјутерските науки ова подразбира барање на решение за соодветен проблем. На воведниот курс на Универзитетот за наука и технологија во Мисури се учат три сегменти на пребарувањето: Неинформирано пребарување, хеуристички функции и контрадикторност или пребарување на подвижен агент.

На Универзитетот Илиноис во Чикаго курсот за вештачка интелигенција е поделен на три дела. Вештачка интелигенција 1 опфаќа пристапи базирани на логика, а вештачка интелигенција 2 се фокусира на нумерички и математички пристапи базирани на претпоставки. Применета вештачка интелигенција е третата етапа од курсот и вклучува: систем базиран на правила, систем за веројатност, систем на неопределена логика, систем за донесување одлуки и систем за машинско учење.

Понова вештина што се вклучува во курсевите за вештачка интелигенција е етиката, а важна е затоа што луѓето програмираат интелигентни машини кои може да носат одлуки што имаат одреено влијание врз животот на луѓето. Автономните автомобили без возач, на пример, во случај на несреќа, мора да знаат да донесат одлука со која најголема вредност ќе има човечкиот живот.

Други вештини и квалификации за работни позиции поврзани со вештачка интелигенција се:

- Голема страст за теоретско и емпириско истражување;
- Пишување фантастика и драма;
- Изложеност на истражувања во неврални мрежи како, зголемување на меморијата, учење со засилување и учење со презентирање;
- Директен придонес за дизајнот и имплементацијата на иновативни производи што се успешно испорачани и користени од потрошувачите;
- Инстинктивно знаење за тоа како луѓето ќе сакаат да користат одреден производ или услуга што би решиле вистински светски бизнис проблем.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование