X
 16.05.2019 Образование

Во МАНУ се слави 100. роденден на еден од основачите, академик Ѓорѓи Филиповски

Во МАНУ денеска се одржува свеченост по повод роденденот на академик Ѓорѓи Филиповски, единствениот жив од тројцата основачи на оваа институција. Тој на 6 мај наполни 100 години.
Академик Филиповски и академиците Блаже Конески и Харалампије Поленаковиќ биле тројцата члена на првата комисија задолжена за формирање на МАНУ, основана на 23 февруари 1967.



Академик Филиповски важи за основоположник на современите педолошки истражувања во земјава. Неговите најзначајни активности од наставно-научната и општествена дејност се и сведоштво за почетоците на формирањето на првите високообразовни институции во земјава, како Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Земјоделско-шумарскиот факултет, МАНУ.



Денеска на свеченоста во МАНУ за него говорат академик Дончо Димовски, претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, професорката Татјана Миткова од Факултетот за земјоделски науки и храна. Се промовира и книгата „100 години Ѓорѓи Филиповски“ од академик Глигор Јовановски, а се прикажува документарниот филм на МРТВ -„Приказна од еден век – академик Ѓорѓи Филиповски“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование