X
 16.09.2025 Забава

Оптичка илузија - девет воени авиони „исчезнуваат“ во лет

Кога ќе помислиме на камуфлажа, најчесто на ум ни паѓаат воените униформи. Но, камуфлажата оди многу подалеку - таа се користи и во воената техника и авионите. Со своите дезени тие го збунуваат окото и им овозможуваат на војниците незабележливо да ги извршуваат мисиите. Токму таква забуна предизвикува и оваа фотографија. Дали можете да ги забележите деветте борбени авиони на неа?

Фотографијата прикажува авиони „Ф-5 тајгер II“ од бразилската воздухопловна сила, фотографирани над реката Гуаиба во северниот дел на Порто Алегре, во Јужен Бразил. Сликата, направена и првично објавена во април 2022 година, ги прикажува авионите при враќање.

avioni

Иако фотографијата е направена како израз на гордост на ескадронот, перспективата и шарата на авионите прават тие да се стопат со пејзажот, исто како и на една друга снимка. Оваа илузија предизвика сликата да стане вирална најпрво во Бразил, а потоа и пошироко, како фасцинантен пример за камуфлажа во акција.

Борбените авиони користат напредна камуфлажа за да избегнат да ги откријат не само од земја, туку и од воздух. Наместо во светли и впечатливи бои, тие се обоени во придушени нијанси на сиво, сино или зелено, тонови што беспрекорно се мешаат со небото, облаците или теренот под нив. Ова ги прави потешко забележливи за непријателските пилоти, противвоздушните системи и надзорните технологии.

Бразилската воздухопловна сила почнала да користи ваква камуфлажа во сиви и зелени тонови околу 2001 година.

Ако сè уште не успеавте да ја разберете оптичката илузија, постои и „уредена“ верзија со понагласени бои за полесно да ги пронајдете авионите. Но, нема срам ако не успеете да ги видите - тоа е знак дека камуфлажата навистина ја врши својата работа.

avioni

Извор: My Modern Met
Фото: Esquadrões da Força Aérea
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава