X
 16.09.2025 Култура

Погледнете го трејлерот за новата сезона на серијата „Чудовиште“ на „Нетфликс“

Британскиот актер Чарли Ханам ја игра улогата на Ед Гејн во најновата сезона од антологиската серија „Чудовиште“ (англ. Monster) на „Нетфликс“.

Платформата претходно ги обработи случаите на серискиот убиец Џефри Дамер и браќата Лајл и Ерик Менендез, а сега во третиот дел се насочува кон Едвард Гин - сериски убиец и копач на гробови, познат и како „Касапот од Плејнфилд“.

Вистинската приказна зад хоророт

Во 50-тите години, во градот Плејнфилд, било откриено дека Гин ископувал трупови од гробишта и земал делови од кожа и тела за да ги чува како човечки трофеи.

Токму неговата приказна ги инспирирала класиците „Психо“, „Тексашки масакр со моторна пила“ и „Кога јагнињата ќе стивнат“.

Во новата серија, со наслов „Чудовиште: Приказната за Ед Гејн“, Ханам го толкува ликот на Гејн.

Психоза, изолација и опсесија со неговата мајка

Серијата ќе ги истражува факторите што довеле до неговите злосторства - изолацијата, психозата и опсесијата со неговата мајка Августа.

Ханам рече дека прочитал и изгледал сè што постои за случајот за да влезе во ликот, губејќи 14 килограми за да го добие физичкиот изглед на Гејн.

Новата сезона ќе биде достапна на „Нетфликс“ на 3 октомври 2025 година.

 

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура