X
 03.01.2017 Култура

Филмови кои со нетрпение ги очекуваме оваа година

Најголемиот американски сајст за дистрибуција на кино билети „Fandango“ ги објави резултатите од анкетата за тоа кои премиери публиката со нетрпение ги очекува.

 

1


Анкетата опфати повеќе од илјада редовни посетители на кината, кои себеси се опишаа како „филмофили“, а објавена е две недели пред новата година.

Ова се филмовите кои се најавени уште од 2016, а со нетрпение се очекуваат во новата 2017 година.

1. „Star Wars: Episode VIII (15 декември)

Ерик Дејвис, уредникот на веб сајтот вели дека воопшто не изненадува тоа што на прво место се најде токму овој филм. Со оглед на тоа што премиерно ќе биде прикажан за година дена, се'уште нема официјален трејлер за овој филм.

2. „Guardians of The Galaxy Vol.2“ (5 мај)



Акционата комедија со дејство во вселената ги доби симпатиите од публиката, а изгледа продолжението ќе биде подеднакво успешно.

3. „Beauty and the Beast“ (17 март)



На третото место се најде адаптацијата на бајката „Beauty and the Beast“ која доаѓа од студиото на Дизни. За публиката е особено привлечно што улогата на Бел ќе ја толкува Ема Вотсон која навистина е совршен избор за овој филм.

4. „Wonder Woman“ (2 јуни)




Уште еден филм за суперхерои, но во овој случај станува збор за жена. Овој филм со нетрпение го очекуваат љубителите на овој стрип.

5. „Spiderman: Homecoming (7 јули)




Нова приказна за Спајдермен, но сега подетално за тоа како успеа да дојде во контакт со останатите јунаци на Марвел.

6. „Justice League“ (17 ноември)



Уште еден филм за суперхерои кој голем број обожаватели едвај чекаат да го гледаат. Со оглед на тоа што премиерата ќе биде во ноември не се знае многу за него, освен тоа дека ќе бидат вклучени познати глумци и уште попознати суперхерои.

7. „The Fate of the Furious“ (14 април)



Нов филм од франшизата која досега имаше многу продолженија. Во последниот филм глумат Двејн Џонсон, Џејсон Статам и Шарлиз Терон.

8. „Fifty Shades Darker“ (10 февруари)


Продолжението на „Fifty Shades of Grey“ направен според популарната книга. Во продолжението се појавуваат Марсија Геј Харден, Џенифер Ел, Лук Грајмс, Рита Ора, Виктор Расук, Елоиз Мамфорд и Макс Мартини.

9. „Logan“ (3 март)



Филм кој со нетрпение го очекуваат сите љубители на франшизата „X-men“. Логан и професорот Чарлс Ксавиер мораат да се соочат со исчезнувањето на Иксмен и Алцхајмероваат болест на Ксавиер.

10. „Despicable Me 3“



Стив Карел го позајмува гласот на протагонистот Гру, додека за главниот негативец го позајмува гласот Треј Паркер.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура