X
 13.02.2017 Технологија

Ова се најмоќните паметни телефони за изминатата година

1

Кинеската компанија „AnTuTu“ која стои позади една од најпопуларните платформи за тестирање на брзината на мобилните телефони, објави интересни листи на паметни телефони кои поминале низ нивниот тест во текот на минатата година.

Првата листа ги прикажува топ десетте телефони според резултатите кои ги постигнале на апликацијата на „AnTuTu“. Најголемиот резултат од 181.316 поени ги реализира „Apple iPhone 7 Plus“, додека на второ место се најде „Apple iPhone 7“ со 172.001 поени.

Со просечен резултат од 163.013, „OnePlus 3T“ е најмоќниот „Android“ телефон, со „Snapdragon 821“ процесор. Интересно е тоа што на листата на најмоќни „Android“ телефони, меѓу првите 10 ги нема моделите на „Samsung“.

1

Најновиот модел „Galaxy Note 7“ и „Galaxy S7 Edge“ овој пат се најдоа во златната средина, на 18-то и 20-то место. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија