X
 01.03.2017 Технологија

Најдобрите онлајн платформи за зачувување фотографии

Ако вашиот мобилен телефон или лап топ падне во езеро или река, што ќе се случи со фотографиите кои толку многу време ги чувате? Освен ако не сте ги зачувале и на друго место, тогаш најверојатно ќе бидат изгубени засекогаш. Што значи дека нивното поставување на „cloud“ е добра идеја.


Бидејќи фотографиите ќе бидат присутни онлајн, вие ќе имате пристап до нив од било кој уред и нема да се избришат доколку вие тоа самите не го посакате и направите. Освен тоа, полесно е и да ги споделувате со најблиските.

Ова се неколку онлајн платформи на кои можете да ги прикачите вашите фотографии.

„Microsoft OneDrive“

5GB простор кој може да се зголеми и до 50GB (за $1.99 месечно) или 1TB (за $6.99 месечно). Корисен интерфејс со корисни опции, автоматско означување на фотографии со места за да можете полесно да ги пронајдете.

„Apple iCloud“

„Microsoft“ го има „OneDrive“, а „Apple“ го има „iCloud“. И овде можете да ја зголемувате меморијата и интересно е тоа што откако ќе ги наместите опциите можете комплетно да заборавите на нив, бидејќи се ќе си стои онака како што сте сакале. Интерфејсот е едноставен, но во изминатите години воведени се неколку подобрувања, како што се алатки за креирање пакети од вашите најдобри видеа.

„Google Photos“

Ова се смета за најдобро место за складирање на фотографии. Може да се постават неограничен број на фотографии и видеа и тоа бесплатно. Интересни алатки кои ќе ви помогнат во уредувањето на фотографиите. Лесно можете и да ги споделувате.

„Dropbox“

Лошите вести се што тука добивате само 2GB слободен простор бесплатно. Но, се работи за доста стабилна платформа, каде што лесно можете да креирате фолдери со фотографии и лесно да ги споделувате. Содржи и корисна алатка наречена „Paper“.

„Amazon Photos“

Членовите кои имаат „Prime account“ добиваат неограничен простор за поставување фотографии. Нема проблем доколку уредот од кој се поставуваат фотографиите функционира со различни оперативни системи.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија