X
 18.04.2017 Култура

„Арктичка детелина“ - Новата воена база на Путин

ruska baza
Фото: Руско министерство за одбрана

Руското министерство за одбрана објави интерактивна 3D тура за новата воена база наречена „Арктичка детелина“, најсеверната инсталација на руските вооружени сили.

„Со помош на оваа апликација, посетителите на интернет страницата на министерството за одбрана ќе можат интерактивно да го проценат практичниот и ергономскиот распоред во базата, кој на руските војници му овозможува извршување на задачи и во најтешките климатски услови на Арктикот“, вели руското министерство за одбрана.

Со оглед на тоа што поголемиот дел од базата е таен, сега сите можат да погледнат како изгледа внатрешноста на „Арткичка детелина“ која, кога е целосно опремена, може да функционира независно дури 18 месеци. Виртуелната тура покажува како се опремени собите на војниците, а посетителите можат да ѕирнат и во кантината, теретаната и киното.

Масивниот комплекс се протега на неверојатни 14.000 метри квадратни и е обоен во црвена, бела и сина боја - боите на знамето на Русија.

Распоредот им овозможува на војниците движење од една зграда во друга, без да треба да излегуваат на ниските температури кои понекогаш се спуштаат и под -50 степени.

Базата „Арктичка детелина“ е поставена со цел да се обезбеди постојано присуство на Русија во регионот и во неа ќе бидат сместени околу 150 лица кои ќе бидат задолжени за заштита на руските граници, воздушниот простор и другите интереси во регионот.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура