X
 01.05.2017 Култура

Трамп повторно им се „намести“ на Симпсонови


Сцена од Симпсонови со Трамп
(Фото: Youtube/Printscreen)

Анимираната серија Симпсонови му се „намерачи“ на видео-снимката на Доналд Трамп за првите сто дена од неговото претседателствување, каде што се фали дека го зголемил бројот на следбеници на својот „Твитер“ профил и дека го намалил хендикепот во голфот.

Во петокот видеото на „Јутјуб“ беше прегледано приближно пет милиони пати, а епизодата почнува во Белата куќа во една бурна ноќ каде што може да се види портпаролот Шон Спајсер обесен во новинарската соба со натпис „давам оставка“ закачен околу вратот.

„Не сакам да го заменам“, вика и бега советничката на претседателот, Келијана Конвеј, откако ќе го открие трупот.

За тоа време, Трамп седи во креветот во розеви пижами со смартфонот в рака и со „Водич низ Флорида само за 10 милиони долари на ден“ покрај себе.

„Сто дена на должност, а толку нешта успеав да постигнам. Го намалив хендикепот во голфот, на ’Твитер‘ имам 700 следбеници повеќе“, си набројува тој.

Симпсонови, кои освоија 32 Еми награди и предвидоа дека Трамп ќе биде избран за претседател уште во 2000 година, стигнаа до крајот на 28. сезона. Легендарната серија би требало да се задржи на малите екрани најмалку до 30. сезона.  


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура