Шефот на компанијата „Волт Дизни“ Боб Игер, вчера објави дека примиле закана од хакерите кои тврдат дека дошле до некои необјавени филмови и сега бараат голема откупнина.
Не се открива за кој филм конкретно станува збор, но велат дека компанијата нема да отстапи пред уценувањата, пишува Hollywood Reporter, каде ги цитира зборовите на Игер од состанокот со вработените во Њујорк.
Внатрешни извори тврдат дека „Дизни“ соработува со ФБИ и заедно ја следат можната објава на инетернет.
Станува збор за најновото продолжение на серијалот „Пиратите од Карибите“ кое треба да се најде во кината на 26 мај, додека други шпекулираат дека станува збор за третиот дел од „Cars“ на Пиксел, чија премиера е планирана за јуни.
Иако и од двата филма се очекува голема заработувачка, „златна кокошка“ на „Дизни“ што се однесува на заработка сепак е новото продолжение на „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“, кој ќе започне да се прикажува во киносалите на почетокот на декември.
Хакерите бараат исплата во виртуелната валута биткоин, и се закануваат дека ќе објават пет минути од филмот, а потоа доколку не го добијат бараниот износ, ќе продолжат со објавување на секвенци од по 20 минути, сè додека не им се исплати бараната сума во целост.
„Dead Man Tell no Tales“ е
филм во франшиза со „Пиратите од Карибите“ со Џони Деп во главната улога, а од 2003 година овој серијал има заработено околу 3,7 милијади долари на кино-благајните.