X
 14.06.2017 Образование

Избрани најдобрите 25-мина матуранти од Скопје

Им благодариме на нашите професори за трпеливоста да го извлечат најдоброто од нас и да не направат подобри личности  - рече Бојан Китановиќ, најдобриот матурант од СУГС„Арсени Јовков“, на манифестацијата „Средба меѓу првиот и најдобрите“




Признанија и парични награди добија 25-мина матуранти-првенци на генерацијата од 21 скопска гимназија, во рамките на манифестацијата „Средба меѓу првиот и најдобрите“, што се одржа во „Сити хол“. Наградите им ги врачи скопскиот градоначалник Коце Трајановски, а средбата се одржа по десетти пат во организација на Град Скопје. Опфатени се и ученици од тригодишното образование.

Целта на оваа манифестација е да го афирмира училишниот успех на првенците на генерација во средните училишта во Скопје и да им оддаде јавно признание за постигнатите резултати, нагласи градоначалникот.

- Ценети првенци, вие со своите успеси и постигнувања се афирмиравте себе си, вашите училишта, но и нас граѓаните на градот Скопје. Праксата покажува дека секој млад човек, кој бил првенец на својата генерација гради успешна иднина и достигнува врвни резултати на патот на својот професионален развој. Ценам дека најважната задача на секоја образовна институција е кај вас учениците да ги развива и јакне благородните, творечки и креативни сили. Тоа е патот до најголемиот дар и признание што човек може да го поседува, а тоа е, знаењето. Сега кога го заокруживте средното образование, ви пожелувам со себе да ги понесете најубавите спомени од средношколските денови и да продолжите понатаму со нови сили, да придонесувате за развојот на нашето општество, бидејќи вие сте нашата иднина. Богатството на Р.Македонија е во огромните творечки потенцијали на вас младите - рече Трајановски.


Ова се најдобрите матуранти во Скопје:

Софија Кераовска и Јован Карапеев (СУГС „Лазар Танев“);
Марко Стојковски (СУГС „Јосип Броз Тито“);
Мурат Коца (СУГС „Кочо Рацин“);
Александар Додевски (СУГС „Георги Димитров“);
Бојан Китановиќ (СУГС „Арсени Јовков“);
Сара Јовановски (СУГС „Здравко Цветковски“);
Наташа Арсова (СУГС „Браќа Миладиновци“);
Ана Јакимовска (СУГС „Владо Тасевски“);
Антонина Цековска (СУГС „Димитар Влахов“);
Амира Одат (СУГС „Цветан Димов“);
Дамјан Хаџибанов и Бобан Митровски (СУГС „Михајло Пупин“);  
Егзон Исеини и Марко Митрески (СУГС „8-ми Септември“);
Марко Наумовски (СУГС „Д-р Панче Караѓозов“);
Никола Симеоновски (СУГС „Боро Петрушевски“);
Адриан Азизи (СУГС „Зеф Љуш Марку“);
Никола Велковски (СУГС „Панче Арсовски“);
Филип Поповски (СУГС „Васил Антевски Дрен“);
Марко Камиловски (СУГС „Орце Николов“);
Марија Тодосова (СУГС „Никола Карев“);
Филип Трајковски (СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“);
Мила Богатинова и Џејљан Муртезани (СУГС „Марија Склодовска – Кири“).

Од името на матурантите, се обрати Бојан Китановиќ од СУГС„Арсени Јовков“. Тој им се заблагодари на професорите и на класните раководители коишто секогаш верувале во нив и на секоја училишна, но и животна лекција, за трпеливоста да го извлечат најдоброто од нив и да ги направат подобри личности.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование