X
 15.06.2017 Култура

Писмата на Ајнштајн ја откриваат неговата сензибилност


Алберт Ајнштајн
(Фото: Wikimedia Commons)

Колекцијата на писма од германскиот научник Алберт Ајнштајн во кои пишувал за своите гледишта за религијата, Израел и макартизмот во САД (пракса на обвинувања за нелојалност и предавство без да се земат предвид доказите), ќе биде понудена на аукција што ќе се организира на 20 јуни.

Пет оригинални писма, напишани во периодот од 1951 до 1954 година, ја откриваат духовитата и чувствителна страна на големиот научник. Адресирани се до квантниот физичар Дејвид Бом, колегата на Ајнштајн кој во 1951 година побегнал од САД во Бразил, затоа што во време на меркантизмот одбил да сведочи за своите врски со комунистите.

Почетната цена на секое парче од пожолтените документи, со потпис и релјефен печат од познатиот научник, изнесува 8.000 долари, но се проценува дека ќе бидат продадени по најмалку двојна цена. Генералната проценка вели дека колекцијата на Ајнштајновите писма ќе достигне вредност над 20.000 долари.

Ајнштајн и Бом се спријателиле кога работеле на Универзитетот Принстон. Во писмата разменувале мислења за квантната физика, религијата и како што наведува агенцијата „AP“, за очајниот период на Бом кој го поминал во Бразил.

„Ако Бог го создал светот, неговата основна грижа сигурно не била да го направи лесно разбирлив за нас“, напишал Ајнштајн во писмото упатено до својот пријател во 1954 година, една година пред неговата смрт.

Писмата ќе бидат понудени на аукција на 20 јуни, но се прифаќаат и претходни понуди по електронски пат.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура