X
 10.07.2017 Култура

Пет филма што вреди да ги погледнете овој јули


Филмска проекција
(Фото: Pixabay)

Никој нема да остане рамнодушен на овие филмови. Дозволуваат илузија во границите на нормалноста. Тие покажуваат некој поинаков свет додека вие опстојувате во сопствениот. Знаат да ве насмеат, да ве растажат, но и да го освестат несвесното, да ве научат на непознатото, да ви го прикажат незамисливото.

И вие ќе помислите, па што ако нема море ова лето, плажи и празни чаши од коктели околу вас. Коктелот можете да го испиете гледајќи филм. Филм?! Филмот е одлична идеја, а ова лето кината нудат барем пет одлични премиери!

Ајде да ја погледнеме понудата:

1. All Nighter 

Жанр: комедија

Режисер: Гавин Виесен

Актери: Ј. К. Симонс, Емили Хирч, Кристен Шаал, Шенон Вудворт

IMBD: 5.6

Содржина: Станува збор за еден татко „работохоличар“ кој одлучува да ја посети својата ќерка што не ја видел долго време. По доаѓањето во Лос Анџелес сфаќа дека ќерката раскинала со своето момче и исчезнала. Тој се здружува со момчето и така почнува потрагата по ќерката, неочекувано, во една луда ноќ.





2. Убаво ми е, затоа што јас така сакам


Жанр: биографски

Содржина: Милан Иниќ Јасертен во овој филм зборува на тема „Дали стравот е толку страшен“. Овој млад јутјубер, кого го следат половина милион млади, преку  разни комични, забавни и едукативни содржини преку својот канал им доближува на децата и младите разни начини и стилови на живеење. Тој се занимава со волонтерска и хуманитарна работа и учествува во многубројни акции чија цел е подигнување на свеста кај младите за разни важни општествени теми. Во 2015 година Иниќ е прогласен за млад херој.





3. War For The Planet of Apes
 

Жанр: акција, авантура, драма

Режисер: Мат Ривс

Актери: Енди Серкис, Вуди Харелсон, Џуди Гри

Содржина: Во третиот дел од овој блокбастер заедницата на генетски-модифицираните мајмуни што се предводени од интелигентното шимпанзо Цезар влегуваат во крвава пресметка со војската на луѓето, предводена од немилосрдниот полковник.





4. The Headhunter`s Calling 


Жанр: драма

Режисер: Марк Вилијамс

Актери: Џерард Батлер, Вилјем Дефо

IMDB: 6.4

Содржина: Овој филм е приказна за човек кој не може да си ги одреди сопствените приоритети. Дали е поважно да го оствари својот сон за сопствена компанија или сепак семејните работи се поважни од тоа?





5. Spiderman: Homecoming 

Жанр: акциска авантура

Режисер: Џон Ватс

Актери: Том Холанд, Роберт Донвеј, Мајкл Китон, Мариса Томеи

IMDB: 7.9

Содржина: Долгоочекуваниот повраток на Спајдермен на сцената, алијас Питер, е главната тема на овој филм. Питер се враќа во куќата каде што живее заедно со својата тетка Меј, каде што го чува новиот ментор Тони Старк. Како и секогаш, ништо не поминува без проблем, а во градот се појавува нов злосторник под име Лешинар.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура