X
 23.09.2022 Култура

Пристигнува новата сезона од серијата „Емили во Париз“ на „Нетфликс“

Кога серијата „Емили во Париз“ пристигна на стриминг-платформата „Нетфликс“ среде пандемијата, потценување е да се каже дека гледачите апсолутно полудеа по неа.

„Емили во Париз“ за миг стана најгледаната серија на „Нетфликс“. Популарноста на серијата може да се припише на фактот дека бевме во карантнин, па бевме желни за серии и филмови што ќе ни дадат добро расположение.

Не долго по успехот на првата сезона следуваше и втора сезона, која исто така беше многу успешна. Но, крајот од втората сезона имаше драматичен и возбудлив крај, оставајќи ја публиката во неизвесност.

Но, наскоро пристигнува и третата сезона. Што досега се знае за третата сезона?

Како прво, се враќа речиси целата актерска екипа, вклучувајќи ги Лукас Браво како Габриел, Камил Разат како Камил, Ешли Парк како Минди и Филипин Лирој-Боли како Силви.

Во серијата официјално се враќа и Лусиен Лавинскот, кој се појави како Алфи во последната сезона. Неговото враќање во серијата може да значи само едно: љубовниот живот на Емили ќе стане уште покомплициран.

Целата екипа на популарната серија овој август почна со снимање на новото продолжение, а планирано е да заврши е оваа есен. Затоа, можеме да очекуваме постпродукцијата на серијата да почне во зима, што значи само едно - новата сезона ќе пристигне на почетокот од 2023 година.

Извор: Lolamagazin.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура