X
 12.10.2017 Образование

САД го напуштија УНЕСКО



Содинетите Американски Држави ќе го напуштат УНЕСКО на крајот на годинава, соопшти светската Организација за образование, наука и култура при Обединетите Нации. Тоа не е само голем политички удар, туку и финансиска загуба за организацијата. Ирина Бокова, генерален директор на УНЕСКО го изрази своето жалење поради одлуката на САД.
- Откако добив официјално известување од САД, би сакала да изразам длабоко жалење поради нивната одлука да се повлечат од УНЕСКО. Со оваа одлука УНЕСКО ќе загуби голем дел од мултикултурализмот – соопшти таа.

 САД уплаќаше 80 милиони долари годишно во светската огранизиација, но оваа помош престанаа да ја даваат во 2011 година, откако приемот на Палестина во УНЕСКО го поддржаа 107 земји, а против гласаа 14 земји. САД уште тогаш најавија радикални промени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование