X
 19.10.2017 Технологија

Проверете колку вашиот профил на „Фејсбук“ е безбеден

фб
Фото: Printscreen/Stalkscan

За приватноста на „Фејсбук“ многу се дискутирало во минатото, но дури сега се појави алатката „Stalkscan“ што на корисниците им овозможува да видат колку нивните профили се ранливи.

Оваа програма користи „Graph Search“ и преку него ги открива сите информации од друг профил што личноста не ги сокрила доволно добро.

Апликацијата ја создал етичкиот хакер Инти Де Кеукелер, а ако знаете правилно да ја користите, можете да дјдете до многу податоци кои инаку би останале сокриени од вас.

Сè што треба да направите е да кликнете на апликацијата, во просторот да ја напишете „Фејсбук“ адресата на некој корисник на оваа социјална мрежа и пред вас ќе излезат доста податоци.

Оваа апликација можете да ја пронајдете ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија