Голем број корисници забележале дека „Мета“ во фејсбук-апликацијата автоматски вклучила опција што овозможува споделување слики од вашиот телефон.
Проблемот е што за тоа корисниците не добиле никакво известување, па сликите од галеријата, заедно со датумите, луѓето и објектите на нив, се достапни за анализа и предлози што ги прави апликацијата.
Додека оваа функција е активна, „Фејсбук“ користи фотографии од вашиот телефон за да предлага албуми, колажи, резимеа на објави или дури ВИ-верзии на вашите слики. Сè што апликацијата генерира останува видливо само за вас и, според „Мета“, не се користи за рекламирање. Сепак, фактот дека компанијата има пристап до приватни фајлови на корисниците предизвика бес кај нив.
Како да ја исклучите опцијата „camera roll sharing“ на „Фејсбук“?
За да го спречите понатамошниот пристап, отворете ја фејсбук-апликацијата и најавете се на својот профил. Во горниот десен агол пронајдете ја иконата за менито и потоа влезете во „Settings and privacy“. Изберете „Preferences“ и одете до опцијата „Camera roll sharing suggestions“ каде што ќе видите дека таа е вклучена. Клинкете на синото копче за да ја исклучите. Ќе знаете дека опцијата е исклучена кога синото копче ќе стане сиво.
Извор:
Atvbl.rs
Фото: Freepik