X
 31.10.2017 Култура

Јубилејот од Римските договори одбележан и на УКЛО

2

Во рамки на одбележувањето на 60-годишнината од Римските договори (25 март 2017 година) како меѓународни конвенции со кои се основаа Европската економска заедница (ЕЕЗ) и Европската заедница за атомска енергија (Евратом) и станаа почетна точка на европската интеграција,  Делегацијата на Европската Унија и Амбасадата на Република Италија во Република Македонија  и УКЛО  денеска одржаа два пригодни настани.

Во фоајето на Центарот за култура поставена е изложба што ја прикажува историјата на европската интеграција од потпишувањето на Римските договори до денешните предизвици со кои се соочува Европска Унија, на тема „Уште поблиска унија". Изложбата ја отворија Амбасадорот на Европската Унија Самуел Жбогар и италијанскиот амбасадор Карло Ромео, а од името на Ректорот и УКЛО обраќање имаше проректорот, проф. д-р Виолета Маневска којашто нагласи дека “... има повеќе причини УКЛО да биде учесник, да биде дел од случувањата поврзани со Европскиот јубилеј. Почнувајќи од  значителното учество во европските образовни програми како ТЕМПУС, Еразмус ЛЛП, преку сега ЕРАЗМУС+, од ФП 7, преку сега ХОРИЗОНТИ 2020...

1

И не само тоа : преку големиот број академски кадри и студенти коишто во проекти и мобилности, во различни активности, почувствувале што значи да се биде дел од една Европа без граници, Европа на слободна циркулација на знаења, искуства, обуки, наука, истражувања, движења на млади, динамика и позитивна енергија. Да продолжам со Европското катче формирано на УКЛО во 2009 година, тековните студентски мобилности, проектни и други академски активности, студентски натпревари и конкурси на атрактивни „европски“ теми.  Денешниот настан и присуството на нашите уважени гости се впишуваат во тоа портфолио на активности со европски предзнак коишто настојуваме да бидат дел од секојдневното академско живеење на Универзитетот“.

Продеканот од Правниот факултет – Битола, доц. д- р Мирјана Ристовска воедно и раководител на ЕУи – Битола, по повод настанот се осврна на делувањето на Центарот за податоции и информации на Европската Унија при УКЛО. Таа нагласи дека  од неговото воспоставување, во 2009 година, Центарот се стреми да ги доближи европските вредности, европскиот дух и европската солидарност до секој граѓанин во нашето опкружување, организирајќи голем број на настани и манифестации и дека со иста посветеност и во иднина ќе ги поддржува, афирмира и промовира сите инцијативи, кои имаат придонес во негувањето на високите вредности и историјата на Европската Унија.

3

Инаку, изложбата којашто јавноста може да ја проследи до 30 ноември 2017 година, организирана е од Историскиот архив на Европската Унија во рамки на Институтот на Европскиот универзитет и се базира на архивски документи и фотографии од Историскиот архив на Европската Унија, Дипломатскиот историски архив на италијанското министерство за надворешни работи и меѓународна соработка и архивот на Национална асоцијација за печат.

3

Активностите по повод јубилејот од Римските договори што се одбележува и на УКЛО продолжија со студентска дебата посветена на темата "Иднината на Европската Унија 60 години од Договорот од Рим" на којашто воведни обраќања имаа Н.Е. Самуел Жбогар и проф. Горан Илиќ, декан на Правниот факултет на УКЛО. Дебатата и актуелноста на темата предизвикаа интерес кај студентите  проследен со плодна дискусија, што произлезе од неколку под-теми и тоа: Држави – нации наспроти Обединета Европа на Нации, Дали Европската Унија е уморна од единство и дали го зема единството здраво за готово и Дали Европската Унија е подготвена да го прифати менувањето на нејзиниот лик?

4

Студентска дебатa "Иднината на Европската Унија 60 години од Римските Договори" се одржа во Малата сала од Центар за култура – Битола.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура