X
 15.11.2017 Култура

6 суперхерои. Нивното време доаѓа. Правдата ќе биде изречена!

Мудрост, чувствителност, храброст, снага, супербрзина, врвна кибернетика и напредна технологија на Бетмен возила. Ќе биде ли сето тоа доволно да се спаси
светот од епската опасност која би се појавила?

Warner Bros. Pictures ни ја претставува епската научно-фантастична авантура „Лига на правдата“ за прв пат на големото платно. Филмот го режираше Зек Снајдер, а како главни суперхерои од светот на DC comics настапуваат: Бен Афлек како Бетмен, Хенри Кавил како Супермен, Гал Гадот во улога на Вондер Воман, Езра Милер како Флеш, Џејсон Мамоа односно Аквамен и Реј Фишер го толкува Сајборг.
Инспириран од неговата вратена вера во човештвото и несебичниот чин на Супермен, Брус Вејн одлучува да ѝ помогне на новиот сојузник, Дајана Принс, да се соочи со уште поголем непријател. Тие заедно работат брзо во пронаоѓање и регрутирање тим од металуѓе кои би се спротиставиле на новата закана. Но, и покрај создавањето на лигата херои - Бетмен, Вондер Вуман, Аквамен, Сајборг и Флеш, можеби е веќе доцна да се спаси планетата Земја од напад со катастрофални пропорции.



Како старееш така добиваш и искуство, посебно ако си Брус Вејн, костимиран заштитник на невините. Досега доживеал се...или барем така мислел. Мајстор на борбени вештини, има неверојатна сила и издржливост, високотехнолошки одела и оружје, поседува брилијантен ум и огромно богатство – сето тоа му овозможува сам да се бори успешно против злочините.
Се досега! Тоа што ќе го натера Брус Вејн да побара помош од другите е одраз на неговата способност која се труди да ја сокрие, но која е суштина на неговиот карактер и популарност. Бен Афлек го толкува Бетмен веќе трети пат како особа која ги поврзува луѓето и металуѓето. Но сега ќе мора да го премости јазот и меѓу јунаците – вклучувајќи се себеси. „Бетмен ни изгледа близок бидејќи од една страна е суперхерој, а од друга е сосема налик нас“, вел Афлек. „Ни изгледа ранлив, крвари кога ќе се поврди. Полн е со спротивности, и токму поради тоа интересно е да ја следите неговата приказна.“


„Предградие“ е приказ на совршеното предградие од 1950те во кое се одразува најдоброто и најлошото од човештвото низ делата на обичните луѓе. Но кога измамата ќе заврши кобно, семејството ќе мора да се насочи кон уцени, освета и предавство со цел да
преживеат.
Филмот го режираше оскаровецот Џорџ Клуни, а зад сценариото се потпишуваат оскаровците Џоел и Итан Коен, Куни и оскаровецот Грант Хеслов.



Деценијата по Втората Светска Војна, американската средна класа почнала да се сели во предградието: идилични, поволни куќи и планирани заедници. На многумина чиј американскиот сон им бил да поседуваат куќа, за прв пат станал реалност. „Џи Бил им помогнал на сите кои се вратиле од војна да купат убава куќа со гаража и покуќнина. Можеа да добијат добра работа, да живеат во убаво маало и да основаат семејство, под услов да се белци“, вели Клуни. „Беше забавно да гледаш што се крие под таа совршена слика и да видиш колку лоши можат работите да постанат.“
„Џорџ и јас го пишувавме сценарито базирано на случувањата кои навистина се случиле во градот Левитаун во Пенсилванија“, додава Хеслов. „Џорџ наиде на документарецот од 1957 година под име „Криза во Левитаун“. Тоа е вистинска приказна за она што им се случило на Вилијам и Дејзи Маерс, првото афроамериканско семејство кое се доселило во местото.“
„Тој ден кога се преселиле Маерсови, поштарот претпоставувал дека г-ѓа Маерс е слугинка, а кога му објаснила која е, поштарот одел од врата до врата и ги прашувал сите дали ги запознале новите соседи. До вечерта околу 500 луѓе се собрале на тревникот пред нивната куќа и извикувале секакви навреди, мавтале со знамиња на Конфедерацијата и палеле крстови.“


КИНО ПРОГРАМА
(16.11.2017-22.11.2017)
Лига нн правдата 3Д
Секој ден: 15:00, 17:30, 20:00, 22:30
Викенд: 12:20, 15:00, 17:30, 20:00, 22:30

Лига нн правдата 2Д
Секој ден: 16:15, 18:40, 21:15
Викенд: 13:40, 16:15, 18:40, 21:15

Убиство во Ориент Експрес
Секој ден: 15:45, 18:00, 21:30, 22:45
Викенд: 15:45, 19:10, 20:45, 21:30, 22:45

Тор - Рагнарок Дигитал 3D
Секој ден: 16:45, 19:15, 22:00
Викенд: 11:40, 14:20, 16:45, 19:20, 22:00

Тор - Рагнарок Дигитал 2D
Секој ден: 18:20, 20:45
Предградие
Секој ден: 19:00, 21:00, 23:00

Мајка
Секој ден: 19:30, 21:45

Исцелител
Секој ден:17:15, 19:30

Геосторм 3Д
Секој ден: 16:00

Божиќ кај лошите мајки 2Д
Секој ден: 17:40, 20:15, 22:15

Сложувалка на стравот 8
Секој ден: 19:45, 23:15

Снешко 2Д
Секој ден: 16:30

ДЕТСКИ ФИЛМОВИ
Моето чудовишно семејство 3Д
Секој ден: 15:30, 17:50
Викенд: 11:20, 13:20, 15:30, 17:50

Лего Нинџаго 3Д
Викенд: 11:00, 13:00

Лего Нинџаго 2Д
Викенд: 12:00, 14:00

Подлиот Јас 3 3Д
Викенд: 12:40, 14:40

Малиот Бигфут 3Д
Секој ден: 15:15, 17:15
Викенд: 11:00, 13:00, 15:15, 17:15

ОПЕРА

Ангел на уништувањето, МЕТ, 2017 HD
сателитски пренос во живо
Сабота: 18:55

*Cineplexx го задржува правото за промена на редовниот репертоар.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура