X
 17.03.2024 Живот

Научници успеале да извршат 3Д-биопечатење на кожа за време на операција кај стаорци

Првпат научници успеале да извршат 3Д-биопечатење на кожа за време на операција кај стаорци.

Истражувачите од Универзитетот „Пен Стејт“ во САД успешно искористиле 3Д-биопечатење за да додадат слоеви на кожа на повредите за време на операција за да помогнат при закрепнувањето.

Подвигот беше постигнат кај животно, но може да биде корисен и кај луѓето.

- Реконструктивната хирургија за корекција на траумата на лицето или главата од повреда или болест обично е несовршена, што резултира со лузни или трајно губење на косата - вели Ибрахим Т. Озболат, професор по биомедицински инженеринг и неврохирургија на Универзитетот „Пен Стејт“, кој ја водел работата.

3Д-биопечатењето е релативно нова технологија која им овозможува на живите клетки да создаваат ткива и органи со нивно печатење со соодветно мастило. Примените на оваа технологија се различни. Иако технологијата денес се користи во испитувања и експерименти, истражувачките студии во „Пен Стејт“ покажуваат дека технологијата брзо се приближува до зрелоста.

Компоненти на 3Д-биопечатена кожа


Истражувачкиот тим започнал со масно ткиво, односно маснотии, бидејќи е важна компонента на екстрацелуларната матрица. Овие протеини и молекули надвор од клетката се одговорни за обезбедување структура и стабилност на ткивото. Ова беше првата компонента на биомастилото што се користеше за печатење на кожата.

Работејќи со Дино Равниќ, вонреден професор по хирургија на Медицинскиот колеџ во „Пен Стејт“, тимот набавил матични клетки од ова масно ткиво. Способни да се развијат во различни типови клетки врз основа на условите на животната средина, матичните клетки беа втората компонента на биомастилото што се користело во процесот. Третата и последна компонента бил раствор за згрутчување, чија улога била да им помогне на компонентите да се врзат за да формираат ткиво на повреденото место.

Прв подвиг од ваков вид во светот


Претходните обиди за 3Д-биопечатење на кожата вклучуваа печатење на тенки слоеви кожа. Озболат и тимот направиле голем напредок со печатење повеќе слоеви на кожа и тоа за време на операцијата.

- Испечативме директно на местото на повредата за да формираме хиподермис, што помага при зараснување на раните, создавање на фоликулите на косата, регулација на температурата и слично - рече Озболат.

Исто така, истражувачите можеле да го испечатат слојот на дермисот, кој лежи над хиподермисот. Најгорниот слој, наречен епидермис, видливиот дел од кожата, не барал 3Д-биопечатење, туку се формирал сам по себе во период од две недели.

- Со целосно автоматизирана способност за биопечатење и компатибилни материјали на клиничко ниво, оваа технологија може да има значителен придонес за прецизно реконструирање на кожата - додава Озболат.

Извор: Interestingengeneering.com
Фото: Michelle Bixby/Penn State
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот