X
 17.05.2021 Технологија

Како функционира противракетниот систем на Израел?

Таканаречената „Железна купола“ била специјално дизајнирана за да го заштити Израел од напади. Системот бил развиен по нападот на Израел од милитантското движење Хезболах од Либан во 2006 година, а е функционален од 2011 година. Тој бил направен од израелски фирми, со поддршка од САД.


Фото: Rafael

Системот се смета за еден од најнапредните одбранбени системи во светот. Тој користи радар за да ги препознае и уништи ракетите пред тие да предизвикаат штета. Системот функционира во секакви временски услови и може да препознае кои ракети би погодиле населени места, а кои не.

Системот лансира ракети кои ги уништуваат оние што напаѓаат само тогаш кога ќе препознае оружје кое се смета за опасно. Израел има 10 вакви единици низ земјата, а секоја од нив може да лансира 20 ракети.

За илустрација за начинот на кој функционира, системот притиснете овде.

Системот веќе спасил многу израелски животи, но некои аналитичари се загрижени дека милитантските групи во Газа се обидуваат да го совладаат системот со големиот број ракети.


Извор: bbc.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија