X
 17.05.2025 Живот

„Нетфликс“ ја продолжи трилер-серијата „Дипломатката“ за четврта сезона дури и пред премиерата на третата

„Нетфликс“ објави листа со серии што добиваат нови сезони, а меѓу нив е и популарната трилер-серија „Дипломатката“ (The Diplomat). Иако третата сезона сè уште не е премиерно прикажана, стриминг-платформата веќе ја потврди четвртата.

Точниот датум на премиерата сè уште не е објавен, но третата сезона се очекува оваа есен. Во новите епизоди повторно ќе ја гледаме Кери Расел во главната улога како Кејт Вајлер, американска амбасадорка во Обединетото Кралство. Покрај неа, во актерската екипа се враќаат и Руфус Сјуел, Алисон Џени, Дејвид Џајаси, Али Ан, Рори Кинир и Ато Есандо. Ново име во серијата е Бредли Витфорд, кој ќе има значајна улога во претстојната сезона.

Што нè очекува во третата сезона?

Новите епизоди носат уште подлабоки политички игри. Кејт Вајлер, која и претходно се мачеше со улогата што не ја посакуваше, сега се наоѓа во уште поголем хаос. Откако ја обвинува потпретседателката Грејс Пен за вмешаност во терористички план и открива дека токму таа сака да ѝ го преземе местото, настаните ескалираат: претседателот е мртов, а можно е нејзиниот сопруг Хал да е вмешан во убиството.

Во меѓувреме, Грејс Пен станува лидер на слободниот свет, а Хал продолжува немилосрдно да ја турка Кејт кон потпретседателската функција.

Објавени се и неколку фотографии од третата сезона, а обожавателите со нетрпение ги очекуваат новите заплети.



Извор: Index.hr
Фото: Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот