X
 17.07.2018 Технологија

Еве какви новости нуди „Скајп“ ова лето

„Мајкрософт“ конечно ја додаде опцијата за снимање на разговорите. Подоцна овој месец, „Скајп“ ќе биде ажуриран да содржи вградено снимање на разговорите. Оваа нова опција ќе биде базирана на облакот, со што ќе имате пристап до вашите снимки од разговорите низ различни уреди, вклучувајќи ги „Виндоус“, „Мек“, „Ајос“, „Андроид“, па и „Линукс“.

Ова е првпат „Скајп“ да вгради снимање на разговорите уште од првото лансирање пред 15 години.

скајп

Оваа опција е само дел од новите функции што ќе ги воведе апликацијата ова лето.

Друга нова опција е тоа што десктоп-апликацијата ќе добие нов дизајн. Класичниот изглед на „Скајп“ може да се ажурира во нов дизајн што е сличен на мобилната верзија на „Скајп“. „Мајкрософт“ го тестира новиот дизајн изминатава година и сега планира сите десктоп-корисници да извршат ажурирање на 8.0 верзијата до 1 септември.

1

Новата десктоп-апликација вклучува голем дел од функциите од „Виндоус 10“ или мобилната верзија. Исто така, приватните разговори ќе бидат засилени со „Сигнал Протокол“ за да се обезбеди дека аудиоповиците и разговорите се шифрирани.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија