X
 17.08.2022 Образование

Brainster Next College – првиот практичен ИТ-факултет денеска го објави Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во учебната 2022/2023 година

Првиот практичен ИТ-факултет за апликативни студии во областа на информатичките технологии – Brainster Next College денеска го објави конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во учебната 2022/2023 година.

Brainster Next College оваа година ќе запише вкупна квота од 75 студенти во првата година на студии, на акредитираната студиската програма по Софтверско инженерство и иновации, која трае 3 години и преку која студентите по дипломирањето ќе се стекнат со 180 ЕКТС и диплома за завршени додипломски студии.

Покрај тоа што студиската програма е креирана во соработка со компании од ИТ-индустријата и според реалната потреба за квалификувани кадри во областа на информатичките технологии, истата ќе нуди и практично и применето образование преку современа методологија, работа на реални проекти и пракса кај партнерски компании.

Brainster Next колеџот нуди повеќе опции на плаќање на годишната школарина – меѓу кои и уникатниот модел за финансирање на студиите „Студирај сега, плаќај по вработувањето“, кој им овозможува на студентите да студираат за 0 денари во текот на целите студии и да почнат со отплаќање на школарината на бескаматни рати дури по дипломирањето или вработувањето.

Пријавувањето на кандидатите за упис на факултетот се врши во целото времетраење на конкурсот, а првиот уписен рок се затвора на 1 октомври 2022.

Целиот конкурс можете да го прочитате ТУКА.

Во врска со уписите, можете да го контактирате Brainster Next College на contact@next.edu.mk, на +389 70 239 915 или преку посета на нивната веб-страница next.edu.mk.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование