Хумористична карта со наслов „Како да ги навредите Европејците во една реченица“ се прошири на социјалните мрежи, предизвикувајќи лавина реакции низ целиот континент. На секоја земја е запишана „навреда“ или стереотип кој наводно најмногу ги погодува нејзините жители.
На пример, за Хрватска пишува „католички Срби“, за Босна и Херцеговина „турски Срби“, а за Србија, реченицата што најмногу ја боде јавноста е: „Никола Тесла е Хрват-Американец“. За Германците стои дека се „груби и расистички“, за Шпанците дека се „гласни и досадни“, а Финска е означена како „најдепресивна земја“.
Што пишува за Македонија?
На картата навредата што стои над Македонија е „Измислена во 1991 година“.
Оваа реченица е јасна провокација што се однесува на често повторуваните предрасуди и политички ставови поврзани со идентитетот и државноста на Македонија, особено во контекст на спорот за името и историските толкувања на регионот.
Со тоа, авторите на картата сакале хумористично (но навредливо) да прикажат што најмногу може да ги „заболи“ Македонците, односно тоа дека македонската нација и држава се „измислени“ и немаат историја пред 1991 година.
Извор:
Citymagazine.danas.rs
Фото:
Instagram