X
 17.11.2021 Технологија

Во овој град има бесплатен интернет 24/7

Интернетот претставува голем дел од нашиот живот денес, без разлика дали сте дома или на работа. Затоа, веројатно секој би сакал бесплатен пристап до интернет. Има еден град каде што тоа е реалност, помалку или повеќе.

Мексико Сити е градот кој го држи светскиот рекорд во најмногу места со бесплатен безжичен интернет. Неодамна тој влезе во Гинисовата книга на рекорди за тоа.

Градот го зголемил бројот на места со бесплатен безжичен интернет кога училиштата се затвориле поради пандемијата. Целта на градот била да им помогне на учениците полесно да учествуваат во наставата.

Благодарение на оваа иницијатива, во градот сега има околу 21.500 места со бесплатен безжичен интернет кои може да се користат од страна на сите 9 милиони жители во градот.

Тие најчесто се во јавниот превоз, но и на локации на кои учениците може да учат и работат.

Извор: Orissa Post
Фото: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија