X
 18.02.2018 Забава

Можете ли да ја решите загатката со супермоќите?

Дали имате способност логички да размислувате? Следната загатка од каналот на „Јутјуб“ – „Брејн Кул“ не бара речиси воопшто математика, потребно е само да размислувате креативно.

фотоизвор: curiosity.com

Ова е загатката: Хемичар само што развил некои неверојатни апчиња. Има црвени и сини. Ако земете едно црвено и едно сино апче заедно, ќе добиете неверојатни супермоќи. Но, предозирањето со апчињата – повеќе од едно црвено или повеќе од едно сино апче – ќе ве убие. Хемичарот ви дава две апчиња од секоја боја, во случај да не изгубите некое од нив. Мора да ги земете апчињата за да добиете супермоќи.

Киднапирани сте додека одите дома и ве чуваат во темна соба. Толку е темно што не можете да разликувате кои апчиња се црвени, а кои сини. Како да добиете супермоќи без да се предозирате?



Одговор:

Решението е да земете по половина од секое од четирите апчиња што ги имате.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава