X
 26.02.2018 Култура

Македoнските и австриските археoлози ќе работат заеднички научни проекти

Истражувачките методи, пред сè археолошката теренска работа, се однесуваат на студии на материјалната култура со посебен осврт на археометрички методи и интердисциплинарна соработка со различни дисциплини


Барбара Хорејс и Горан Санев

Археолошки теренски и кабинетски истражувања, летни школи, археометрички анализи, издавање на стручни и научни публикации и други заеднички проекти ќе прават македонските и истражувачите од Австрија. Ова е овозможено преку меморандумот за соработка меѓу Археолошкиот музеј на Македонија и Институтот за ориентална и европска археологија OREA од Австрија. Документот го потпишаа раководителите на двете инстиртуции Горан Санев и Барбара Хорејс.

Тие разговараа за можностите за соработка помеѓу двете институции. Како резултат на долгогодишната соработка произлезе и првиот заедничкиот научен проект во сферата на археометалургијата со работен наслов Macedonian metals – origin, trade and distribution. Координатори на проектот се научниците Александра Папазовска и Марио Гаврановиќ.

Институтот OREA е основан во 2013 година во рамките на Австриската академија на науките. Како резултат на достигнувањата во археологијата и високата еваулација, институтот достигнува статус на Akademierat. Институт се занимава со истражувања во праисторискиот и рано историскиот културен развој на една поширока територија од Ориентот до Европа. Акцентот на истражувањата се ставени на три региони: Европа, Египет и Левант и Егејот и Анадолија, а фокусот на фундаменталните истражувања лежи во периодот од 2,6 милиони години пред н.е. (Quaternary) до трансформацијата на заедниците во историска епоха во 1 милениум пред н.е.


Соработката е веќе договорена на еден проект

Истражувачките методи, пред сè археолошката теренска работа, се однесуваат на студии на материјалната култура со посебен осврт на археометрички методи и интердисциплинарна соработка со различни дисциплини, вклучувајќи и археолзоологија, археоботаника, антракологија, биологија, антропологија, палеогенетика, климатологија, геоархеологија и лендскејп археологија. Базичните анализи и интерпретации на раните култури лежат во резултатите добиени од истражувањата во кои што се вклучени сите потребни ресурси.

Истражувачите во Институтот покриваат голем број на дисциплини како што се: праисториска археологија, египтологија, суданска археологија, блиски/среден исток и грчка археологија. Институтот издава шест серии на публикации и две меѓународни списанија. Публикациите рефлектираат со високи научни стандарди и поминуваат на процеси на еваулација на високо стручен и научен борд.
Подготвил: В.И.И.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура