X
 13.03.2018 Технологија

„Android P“ со нов храбар дизајн и поквалитетни потсетници

„Гугл“ штотуку ја пушти на преглед верзијата Android P, која, иако е наменета за девелоперите, овозможува одличен увид во иднината на корисничката верзија на најпопуларниот мобилен оперативен систем на светот. Компанијата ја пушти верзијата нешто повеќе од еден месец пред официјалното претставување на текот на случувањата со „Google I/O“. Оваа верзија на оперативниот систем е направена пред се за девелоперите, но тоа не значи дека не е интересна и за просечните корисници.


Фото: b92

Иако „Гугл“ не зборува ништо за тоа, естетската страна на Android P доживеа прилично поместување од Oreo. „Гугл“ конечно одлучи и да ги унапреди потсетниците. Android P воведува поддршка за поголем број информативни потсетници од апликацијата за разговор. Пораките ќе можете да ги гледате во контекст на разговорот, да праќате паметни одговори и ќе ги прегледувате примените слики веднаш во нотификациите.

Голем број уреди со Android имаат повеќе камери, но во поголем број случаи користат претходно инсталирани камери за нивно користење. Android P вклучува претходно вградена поддршка за системи со повеќе камери. Тоа значи дека ќе можеме да користиме функции како зум во рамки на алпликациите како Инстаграм. Секако, ако тие апликации ја поддржуваат функцијата.

Android P доаѓа со вградена поддршка за профилот HDR VP9, кој ќе го олесни гледањето HDR филмови или стримувањето на уредите кои поддржуваат HDR. Тука е и поддршката за HEIF, кој е ефикасен систем за компресија на фотографиите. Тој може да ги намали фотографиите на помалку од половина од нивната големина, а да не го загрози нивниот квалитет.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија