X
 18.02.2019 Култура

Филмови за кои нема да ви се верува дека се стари по 30 години

Ако сте растеле во деведесеттите, сигурно барем десетина пати ја имате гледано „Малата сирена“. Ако не поради нешто друго, тогаш поради постојаното репризирање во градинките и во училиштата. Исто така, големи се шансите кога сте оделе на родендени како деца, родителите да ве забавувале (или смирувале) со пуштање касета со овој филм. А дали знаете од кога е „Малата сирена“? И ние мислевме дека филмот е од 90-тите, но тој е од 1989 година.

Фото: Telegram

Рик Моранис некогаш беше исклучително популарен комичар, а неговата улога во филмот „Драга, ги смалив децата“ на „Дизни“ е една од неговите највпечатливи комедии. Целата теза на филмот, смалувањето на луѓето до таа мера што и бумбарите се опасни предатори за нив, за детските умови од 90-тите беше една од најкреативните, но понекогаш беше и страшна.

Фото: Telegram

Долго време „Индијана Џонс: Последната крстоносна војна“ беше последен во серијалот. Мораме да признаеме дека би ни било подраго ако останеше и последен, со оглед на тоа дека целиот серијал би го паметеле по фасцинацијата и возбудливоста од првото гледање на овој филм. Но, кога во „Индијана Џонс“ ќе се внесат вонземјани, целата приказна паѓа во вода.

Фото: Telegram

По пет години од првиот дел од „Истерувачи на духови“ го добивме и вториот дел. Иако критичарите беа поделени, филмот заработи повеќе од 215 милиони долари, што во 1989 година му донесе титула на осми најпрофитабилен филм на годината. Новата верзија од 2016 година беше контроверзна поради промената на протагонистите и беше прогласена за едно од најлошите фијаска.

Фото: Telegram

Осумдесеттите беа релативно мрачен период за љубителите на суперхероите, со оглед на тоа дека единственото големо име на филмската сцена беше Супермен. Меѓутоа, тоа се промени во 1989 година, кога Мајкл Китон ја облече црната маска. „Бетмен“ беше огромен комерцијален хит и еден од најпопуларните филмови за таа година. Китон тогаш беше релативно неочекуван избор, со оглед на тоа дека гледачите главно го поврзуваа со комедии. Но, првиот филм „Бетмен“ ја промени неговата кариера.

Фото: Telegram

И сега, по 30 години од првото прикажување на „Кик-боксер“, колку и да се трудиме, не можеме да се сетиме на премисата на филмот. Премисата, како и во многу филмови на Жан-Клод ван Дам, се заборава, но секогаш постои она нешто по што се памети филмот. Во овој случај тоа е танцот во барот.

Фото: Telegram

Дури и најлошите делови на „Ѕвездени патеки“ беа интересни. Фановите, пак, главно сметаат дека петтото продолжение - „Последната граница“ е најслабо. Визуелните ефекти и малку чудните режисерски одлуки не му обезбедија многу добра репутација на ова продолжение.

Фото: Telegram

Иако средниот филм од трилогијата „Враќање во иднината“ најчесто е заборавен, двојката е неправедно запоставена. Станува збор за продолжение во кое е замислена иднината. Творците на филмот ја замислувале делумно како дистопија и делумно како невино опкружување. Ако не поради друго, филмот е впечатлив поради модните комбинации кои, за среќа, не ги носевме во 2015 година.

Фото: Telegram

Постојат големи шанси дека „Дозвола за убиство“ бил еден од првите филмови за Џејмс Бонд што сте ги гледале ако сте биле дете во 90-тите. Имено, тамам кога би имале доволно години за гледање на ваков филм, „Дозвола за убиство“ би бил репризиран постојано. Тимоти Далтон и не е најпопуларниот Џејмс Бонд, а „Дозвола за убиство“ не е ни најдобриот од филмовите во кои Далтон го глумел Бонд. Не дека и има голем избор, со оглед на тоа дека глумеше во два.

Фото: Telegram

„Чичко Бак“ исто така е еден од филмовите што телевизиите обожаваа да ги репризираат кон крајот на деведесеттите. Поради тоа, можеби и кога бевме мали мислевме дека филмот е понов. Но, оваа забавна комедија е од крајот на 80-тите, односно и тој оваа година полни 30 години.

Фото: Telegram
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура