X
 18.03.2019 Технологија

Човекот е вториот најпаметен вид на планетата

Норвешкиот бизнис-филозоф Андерс Индсет изјави дека алгоритамот е сѐ посовршен и дека станува многу попаметен и поефикасен од човечкиот вид, како и дека човекот е вториот најпаметен вид на планетата.

Индсет на конференција во Атина истакна дека технологијата се претставува како одговор на сѐ, но кое е прашањето чиј одговор е таа. Овој филозоф на модерниот бизнис не ја смета технологијата ни за добра ни за лоша, туку за двете работи истовремено.

Индсет мисли дека за да може да се утврди улогата на технологијата за човештвото, политичките лидери и бизнис-раководителите треба да се запрашаат каква иднина сакаат на долги патеки, а не да се ограничуваат на прашањето „како може да ни помогне технологијата сега“ затоа што таа може да добие различни улоги.

Во свет во кој технологијата постојано добива значење и го презема водството, според Индсет, единствените актуелни придонеси на човекот се свеста и креативноста.

Тој додаде дека човекот во никој случај не е неопходен - Земјата би била многу подобра без нас, но ние сме само еден вид кој има свест и може да создава теоретски идеи.


Андерс Индсет
Фото: Wikipedia

Индсет смета дека денешните проблеми можат да се решат со древна филозофија, комбинирајќи елементи од минатото кои исчезнуваат пред нашите очи, спасувајќи ги од историјата и проектирајќи ги во 21 век.

- Филозофијата отсекогаш била околу нас, но сега мораме да ја направиме практична - рече Индсет.

За него, сензибилноста е родно место на креативноста и политичките лидери и стопанските раководители мора да се придржуваат до тоа начело. Според него, чувствителноста би можела да понуди огромен потенцијал за раст на бизнисот.

Тој, меѓу другото, рече и дека современите лидери не се грижат ни за победа ни за пораз, туку целта им е да останат што подолго во игра.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија