X
 18.08.2020 Образование

Учениците од 1. до 3. ќе одат на училиште ако дозволат родителите

Учениците од 1. до 3. одделение ќе одат во школо, освен ако родителите не решат поинаку. Останатите новата учебна година ќе ја почнат онлајн. Исклучок може да има во општините, основачи на училиштата, во кои има добра епидемиолошка состојба. Во тој случај општините ќе треба да поднесат барање кое ќе биде разгледувано во Министерствата за образование и наука и за здравство, а препорака ќе даде Комисијата за заразни болести, па Владата ќе одобри настава со физичко присуство, информира денес министерот за образование и наука Арбер Адеми.

Тој ги соопшти денешните одлуки на Владата за почетокот на учебната 2020/2021 година заедно со министерот за здравство Венко Филипче.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование