X
 18.10.2018 Образование

Наследник на Никола Тесла - 23-годишниот Немања заврши два факултета

Најважно во животот е да се има план. Или два. И план после тој план. И план како ќе го прославиш кога ќе го реализираш сето она што си го испланирал. Звучи комплицирано? За Немања Аксиќ не. На 19 години тој се запишал на два факултета. На 23, во период од само неколку дена, ги завршил и двата. Просекот на Електротехничкиот факултет му е 9,04, а на Хемискиот - 9,17.

Со двете дипломски работи в раце, седнат во скут на Никола Тесла, овој младич задоволно и широко се насмевнува. На оваа фотографија се гледа сѐ: напорот, трудот, одрекувањето од сѐ друго што не е факултет. И тоа во претходните четири години. На прашањето дали фотографијата била испланирана или настанала спонтано, Немања вели:

nemanja
Фото: Marko Jovanović


- Искрено, планирав. Сѐ е јасно. Знаеме што сѐ Никола Тесла направил за науката и за човештвото, знаеме дека главен конкурент му бил Едисон, така што сега ми е чест да седнам во неговиот скут. Се чувствувам прекрасно, по четири години напорна работа. Се надевам дека ќе се исплати. Не ми беше тешко да издржам бидејќи имам огромна љубов кон науката и областите во кои студирав, а имав и силна волја. Без неа ништо не се може - вели тој.

- Помеѓу двата факултета постои врска. Иако Електротехничкиот и Хемискиот факултет се чудна комбинација, на Електротехничкиот завршив на насоката биомедицинско инженерство и мојот интерес е насочен кон биоматерии - вели тој на прашањето зошто се одлучил за два сосема различни факултети.

2
Фото: Telegraf


И додека повеќето колеги на Немања се мачат да завршат и еден факултет, со каков било просек, тој не направи пауза ниту еден ден и веднаш се запиша на магистерски студии.

- Тоа ми е план за иднината. Минатата недела се запишав на магистерски студии по хемија и планирам уште една година да бидам во Србија, па ќе видам за понатаму. Ако добијам работа во Србија, ќе останам. Ако не, планирам да продолжам со докторски студии во странство - вели Немања.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование