X
 18.11.2021 Забава

Најсмешните фотографии од дивиот свет за 2021 година ќе ви го разубават денот

Објавени се победниците на натпреварот „Најсмешни фотографии од дивиот свет“. Фотографиите од дивиот свет ја покажуваат комичната страна на животните, без разлика дали се работи за намерна поза или поза фатена на среќа.

По долгата листа со финалисти, организаторите на овој натпревар конечно одлучија кои ќе бидат победници и кои фотографии ќе ги добијат почесните признанија за оваа година.

Победничката фотографија е на Кен Џенсен, аматер-фотограф од Блекбурн, Велика Британија. Фотографијата, насловена „Оuch“, се натпреваруваше со 7.000 други комични фотографии од целиот свет. На неа се наоѓа мајмун фатен во прилично незгодна ситуација на јаже.

Во продолжение погледнете ги преостанатите најдобри комични фотографии за оваа година.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Bored Panda
Фото: Comedy Wildlife Photo
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава