X
 18.12.2018 Живот

Сѐ повеќе компании во светот го намалуваат бројот на работни денови, а нивниот бизнис цвета!

Компаниите низ светот почнуваат да ја намалуваат работната седмица на четири дена бидејќи била забележана подобра продуктивност, мотивирање на персоналот и помалку исцрпеност на работа.

- Многу е поздраво и подобро си ја работиме работата - вели Јан Шулц-Хофен, основач на софтверската компанија „Планио“ со седиште во Берлин, која вовела четиридневна работна недела за своите десет вработени.

cetiri dena
Фото: Reuters


Осигурителната компанија „Перпечуал гардијан“ од Нов Зеланд забележува помалку стрес и поголема ангажираност на работниците откако на почетокот на годината им бил намален бројот на работни денови на четири.

Дури и во Јапонија властите ги охрабруваат компаниите да воведат слободен понеделник, иако акциите од овој тип во оваа земја се прилично безуспешни.

Конгресот на британските синдикати ја разгледува можноста за воведување четири работни дена неделно во цела земја до крајот на векот, за што наиде на поддршка и од опозициската лабуристичка партија.

Конгресот на британските синдикати тврди дека пократката работна недела би им овозможила на работниците да го поделат акумулираното богатство во смисла на нови технологии, како што се роботиката и машинското учење.

Според неодамнешните истражувања спроведени на 3.000 испитаници во осум земји, вклучувајќи ги и Британија, САД и Германија, било утврдено дека речиси половина од луѓето сметаат дека би можеле лесно да ги завршат своите задачи за пет часа во текот на денот доколку немаат прекин.

Многу работници надминуваат 40 работни часа неделно.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот