X
 20.11.2025 Живот

Ранг-листа на знамињата на држави во светот - од најпрепознатливи до најмалку препознатливи

Најпрепознатливите знамиња во светот имаат едноставен, минималистички и култен дизајн и се на земји како Јапонија, Канада, Франција, Германија и Индија, додека најмалку препознатливите знамиња најчесто доаѓаат од помали земји на Карибите, Африка или Океанија.

Кога ќе помислите на најпрепознатливите знамиња во светот, кои ви паѓаат на ум?

Оваа визуализација ги покажува резултатите од веб-страницата „FlagWhiz.com“, игра која им овозможува на корисниците да ја погодат точната земја што одговара на дадено знаме врз основа на четири понудени одговори. Податоците се базирани на 511.581 играчи од светот.

Најпрепознатливите знамиња


Многу од овие знамиња се уникатни и припаѓаат на високо профилирани земји, како Германија, Јапонија или Индија.

знаминња
Фото: Visual Capitalist

Исто така, американското знаме е лесно препознатливо, но за малку заостанувало зад овие други земји во резултатите од квизот. Причините за ова не се јасни, но можно е поради тоа што Либерија, Малезија, Уругвај, па дури и Чиле имаат слични шари со ѕвезди и линии.

Најмалку препознатливите знамиња


На оваа листа се наоѓаат помали земји во Африка, Океанија или Карибите.

Некои имаат покомплицирани дизајни, што ги прави потешки за препознавање. Многу од нив се држави кои стекнале независност во XX век, а голем дел од нив користат панафрикански бои: црвена, жолта и зелена.

На графиконот знамето на Македонија се наоѓа во средниот дел од табелата, вo групата на знамиња со околу 81 отсто препознавање. Тоа покажува дека македонското знаме е умерено високо препознаено во светски рамки, што значи повеќето луѓе точно го идентификуваат, но не спаѓа меѓу познатите знамиња како јапонското, британското или канадското.

Фото: Visual Capitalist
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот