X
 21.01.2020 Наука

Научници од Универзитетот во Кардиф: Лекот за ракот најверојатно е во човечкото тело

Научници од Универзитетот во Кардиф во Велс открија начин за уништување на ракот на простата, гради, бели дробови и на други органи. Откритието е објавено во списанието „Нејчр имунолоџи“.

Наодите сè уште не се тестирани на пациенти, но се нагласува дека откритието има огромен потенцијал, иако е во рана фаза на истражувањето.

Имунолошкиот систем е природен одбранбен механизам од инфекции кај човекот. Како што изјави д-р Гери Далтон, научниците дојдоа до сознанија дека Т-клетките во крвта веројатно се природна заштита и од појава на рак и на тумори.

- Имаме шанса секој пациент да биде излекуван. До неодамна се веруваше дека тоа е невозможно. Овие наоди ги зголемуваат можностите за лекување рак оти Т-клетката е способна да уништи различни видови рак кај луѓето - истакна истражувачот Ендрју Суел.

Засега истражувањето е тестирано само на животни во лабораториски услови, а пред да преминат на луѓето на научниците би им биле потребни уште одреден број безбедносни проверки.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука