X
 15.08.2023 Здравје

„Бескорисен“ орган кој често се отстранува можеби игра улога во појавата на рак

Луѓето имаат мала масна жлезда зад градната коска за која често се вели дека е бескорисна во возрасниот живот. Меѓутоа, неодамнешно истражување покажува дека оваа жлезна, која се нарекува тимусна жлезда, не е толку бескорисна како што се мислело.

Американски истражувачи открија дека оние на кои им е отстранета оваа жлезда се соочуваат со зголемен ризик од заболување од рак, но и прерана смрт од која било причина подоцна во животот. Истражувањето било направено врз основа на достапни податоци и покажува откриена врска, а не покажува дали отстранувањето на тимусната жлезда директно предизвикува рак или други фатални болести.

Сепак, истражувачите посочуваат дека зачувувањето на тимусната жлезда каде што тоа е можно треба да биде приоритет додека не се знае повеќе за нејзината улога во зачувувањето на здравјето.

Во детството, тимусната жлезда игра клучна улога во развојот на имунолошкиот систем. Меѓутоа, таа се намалува и е помалку ефикасна додека се влезе во пубертет. Таа често се вади за време на поголема операција на срцето кај возрасни луѓе. Меѓутоа, новото истражување покажало дека лицата на кои им била отстранета жлездата имале речиси двојно поголем ризик од смрт во следните пет години и двојно поголеми шанси за заболување од рак во следните пет години.

Истражувањето анализирало податоци од пациенти на кои им била отстранета жлездата и такви на кои им била задржана. Не е познато зошто постои оваа врска, но истражувачите се сомневаат дека недостатокот на тимусна жлезда некако влијае на имунолошкиот систем на возрасните.

Извор: Science alert
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје