X
 21.02.2021 Наука

Градовите буквално потонуваат поради својата тежина

Градовите буквално пропаѓаат в земја поради својата тежина, известува „Сајенс алрт“.

Ново истражување покажува дека развојот на градовите доведува до нивно потонување поради поголемата тежина. Геофизичарот Том Парсонс од агенцијата УСГС го анализирал Сан Франциско за да види како урбаното развивање може да влијае врз површината на Земјата.

Парсонс пресметал дека Сан Франциско можеби потонал 80 милиметри додека се развивал. Во меѓувреме, градот се соочува и со проблемот со растење на морското ниво поради глобалното затоплување. До 2050 година морското ниво може да се зголеми за 300 милиметри во регионот на Сан Франциско.


Фото: Сан Франциско/Pixabay

Во истражувањето, Парсонс ја зел предвид тежината на сите згради и она што е во нив за да ја пресмета тежината на целиот град. Според неговите пресметки, Сан Франциско (7,75 милиони жители) тежи околу 1,6 билион килограми, односно колку 8,7 авиони „боинг 747“.

Во пресметките тој не ги вклучил патната инфраструктура, возилата и луѓето.

Претходно било пресметано дека меѓународниот аеродром на брегот на Сан Франциско, кој претставува најтешка градба во градот, предизвикува потонување од 4 милиметри годишно.

Автор: Дејвид Нилд

Извори: sciencealert.com и futurism.com

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука