X
 21.05.2020 Образование

Водич за избор на средно стручно училиште

Учениците кои завршуваат со основното образование за многу кратко време треба да одлучат во кое средно училиште ќе ги поднесат своите документи за упис. Некои од нив веќе решиле што сакаат да учат, но за оние кои сѐ уште се двоумат, Центарот за стручно образование и обука со поддршка на проектот Е4Е - Образование за вработување во Македонија изготви „Водич низ квалификациите во стручното образование“.

Во овој водич има детали за средното стручно образование кои можеби ќе им помогнат на неодлучните да сфатат што сакаат да учат. Тие можат да прочитаат нешто повеќе за геологијата, рударството и металургијата, за економијата, електрониката, машинството и многу други гранки, подобро да се запознаат со квалификациите и да видат во кои училишта можат да го учат она за што се решиле.

ТУКА можете да го прочитате целиот водич.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование